Николоски: Апсењето на Вељаноски е неуставно и е уште еден пример на директен притисок врз неистомислениците

 

Ова е продолжување на теророт и притисокот кој оваа хунта го прави, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекдандар Николоски во врска со информацијата за приведувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјаноски.

-Ова е злоупотреба на судството и полицијата и е директен политички притисок врз неистомислениците. Ова го прават на рати, како што им паѓа рејтингот и претставува очајнички обид кој нема врска со правото и со правдата, вели Николоски во Отворено на Алфа.

Додава дека на многу луѓе им се уништуваат животитем а премиерот Зоран Заев продолжува со притисокот врз неисотмислениците.

-Имам да му порачам дека работите се менуваат и дека треба 10 пати да размисли пред да направи нешто. Сметам и дека овој акт е неуставен бидејќи Вељаноски е пратеник во Собранието и ужива имунитет и без да му се тргне имунитетот не може ништо да превземе, вели Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2019 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега