Николоски: Силјановска Давкова е најквалитетно решение за Македонија, не е приврзок на ниту една партија
Во моментов го имаме најквалитетното решение кое што Република Македонија воопшто како држава може да го понуди како претседател на Република Македонија. Имаме една апсолутно стабилна личност, позната и призната во својата професија, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Отворено“ на Алфа.
Тој вели дека таа е без скандали во својот. Тој вели дека за него е важен цврстиот став на Силјановска Давкова околу територијалната поделба и двојазичноста.
-Личност која држи до себе, не е приврзок или полтрон на било која партија. Ја критикува сега СДСМ, а во минатото и ВМРО-ДПМНЕ, изјави Николоски.
Тој вели дека шансата да имаме жена за претседател е додадена вредност во овој момент, потенцирајќи дека таа е најдоброто што во моментов Македонија може да го понуди.
Николоски порача дека на една страна народот како избор ја има професорката Силјановска Давкова, додека на другата страна, изборот го прави Али Ахмети, што како што кажа тој не им се допаѓало ниту на членовите на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа