СДСМ: Мицкоски веднаш рипна да го брани неговиот шеф Груевски

 

Христијан Мицкоски веднаш рипна да го брани неговиот шеф - осудениот криминалец и бегалец Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ по прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Мицкоски се стави во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27 април.

Дваесет и седми април е најтрагичниот датум во историјата на нашата држава. Ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски.

Затоа Мицкоски се заканува кон судии и обвинители, се меша во судството, зборува за убиства..

Нема Мицкоски да кажуваш ти кој е виновен а кој не од белиот дворец, туку судот и надлежните институции.  Република Северна Македонија е правна држава.

Сите оние кои биле извршители и нарачатели крвавите настани на 27-ми април, мора да понесат одговарност согласно законите, низ транспаретна судска постапка.

А, за тоа кој е готов, на кому му отчукува часовникот и кој паѓа ќе видиме мноу брзо.

Еве ги претседателските избори Мицкоски и нема бегање, те чека пораз, твоите нервозни реакции нема да се спасат. Можеш да размислуваш за оставка во сопствената партија.

Граѓаните ги поразија твоите деструктивни политки, одбраа иднина. Нема враќање назад во темното минато на криминал, изолација и неизвесност“, стои во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2019 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега