Хорхе Меси ќе лежи затвор место неговиот син Лео?

Поради затајување на данок Шпанската даночна урава покрена обвинение против најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси. Поради преголемата сериозност на обвинението, таткото на играчот на Барселона Хорхе Меси е решен да ја превзема целата вина врз себе. 

-Мојот син ништо не е виновен. Јас сум задолжен за неговите финансии. Тоа е моја вина. Ако некој мора да одговара, тогаш тоа сум јас, вели Хорхе Меси.

Со слична ситуација се најде и германската тенисерка Штефи Граф, чиј татко ја превзема вината и лежеше 15 месеци во затвор. 

Доколку се докажат обвинувањата, таткото на Меси би можел да биде исуден на двегодишна затворска казна. Но, тоа не е се:

-Казната за затајување данок може да изнесува максимални 25 милиони евра, открил портпаролот на обвинителството во телефонски разговор за ТВ станицата Си-Ен-Ен.

-Грешката е моја. Плативме дел од данокот, но не целосната сума, и тоа ќе го исправиме, изјавил Хорхе Меси по вчерашното сослушување.

29.09.2013 - 12:55

најчитано сега