Митрески: Заради теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ застана против реформите и напредокот

 

Неодговорно и спротивно на интересите на државата е ВМРО-ДПМНЕ да застане против реформите кои што се од искличително значење за напредокот и почетокот на преговорите со Европската унија, вели во изјава за медиуми на Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

„Станува збор за системски законски решенија кои што се целосно усогласени и во нив се имплементирани дел од забелешките на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорноста за напредокот на нашата држава е заедничка.

Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да работат за доброто на сите граѓаните, а не да штитат тесно партиски интереси.

 Одговорност за настаните на 27 април мора да има во транспарентна судска постапка.

Ние како Собрание сме должни да расправаме и да одлучуваме за барањата на Судот.

Граѓаните се еднакви пред законот и во интерес на сите е да се овозможат услови во јавна и транспарентна постапка да се проверат сите сомнежи.

Времето на мешање во судските процеси, во работата на  обвинителството заврши“ вели Митрески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега