ПОДЕМ: Отворена и целосна поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова

 

Партијата на Обединети Демократи на Македонија – ПОДЕМ, преку соопштение даде јавна и отворена поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија.

-Имено, проф. Силјановска Давкова е докажана личност во својата професија како универзитетски професор, но уште повеќе како човек кој секогаш е на страната на правдата и доследното почитување на Уставот и законите во Република Македонија. Токму сега на нашата држава и е потребен претседател кој институционално ќе се бори за исправување на националните неправди кои и се случија на Република Македонија и нејзините граѓани во изминатиот период.“, велат од ПОДЕМ од каде додаваат:

„Општинските организации на ПОДЕМ ќе се вклучат активно во изборната кампања за сеопфатна промоција и поддршка, со иденствена цел, проф. Гордана Силјановска Давкова биде петтиот Претседател на Република Македонија!“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега