СДСМ: Дали Мицкоски ќе даде отказ од Машинскиот факултет?
ВМРО-ДПМНЕ донесе пандемија на непотизам, дали Мицкоски ќе даде отказ од Машинскиот факултет затоа што бил асистент кај неговиот татко?
Пандемија на непотизам беше 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога државните институции беа претворени во партиски агенции за вработување роднини, пријатели и сопартијци.
ВМРО-ДПМНЕ е симбол на непотизам, а меѓу илјадниците примери, најкарактеристичен е примерот на Христијан Мицкоски кој од бројни професори на Машинскиот факултет, станал асистент кај сопствениот татко, со кого и заедно пишувале книги и учебници.
Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ.
Започната е постапка на анализа на вработувања на лица блиски до функциуониери, започната е и истрага од страна на Државната комисија за спречување на корупција.
Во меѓувреме, веќе се преземаа морални чекори, се случија неколку повлекувања од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски, а лицата целосно ги исполнувале критериумите.
Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и се уште е непозната категорија.
Дали Христијан Мицкоски ќе ги следи примерите и од морални причини ќе си даде отказ од Машинскиот факулет, затоа што од толку многу професори тој бил асистент токму кај неговиот татко?
Дали отказ ќе си дадат и таткото и сестрата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор јанушев вработени во ЦУК и МВР?
Дали ќе дадат отказ и оние 625 лица во РЕК Битола вработени преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ?
Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно расипничко владеење.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа