СДСМ: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

 

Не успеа обидот на Христијан Мицкоски, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку насилничко сценарио да создадат криза, да го дефокусираат вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април, пишува СДСМ во соопштение.

Од партијата велат дека благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа провокацијата, не успеа смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски.

„Не успеа театарот на Мицкоски со кој  се обидуваше да предизвика инциденти во болницата 8-ми септември.

Не успееја ниту лажните вести што медиуми и интернет поратали блиски до ВМРО-ДПМНЕ синхронизирано ги пласираа во јавноста како дел од сценариото на Мицкоски и Груевски.

Институциите, граѓаните, нема да дозволат Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии, да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните, само за одбрана на организаторите и нарачателите на насилствата од 27 април.   

Насилството ќе биде санкционирано, Мицкоски нема да успее, одговорност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има и ќе има“ стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2019 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега