ВМРО-ДПМНЕ: Претепувањето на Миле и Спиро е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните

 

Од ВМРО- ДПМНЕ  преку соопштение велат дека вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија.

„Власта допре дното. Претепувањето на Миле и Спиро е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните.

Не помина еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека власта врши тортура и свесен линч и доказот за тоа го видовме вчера. Тепани и линчувани луѓе во притвор, како да се наоѓаме во Северна Кореја, а не на тлото на Европа.

Миле и Спиро, како и сите граѓани кои се влечат по затвори врз основа на рекла казала муабети и заради спротивни политички гледишта од тињ на власта се жртви на политчки прогон“ велат од партијата.

 Нагласуваат дека Зоран Заев, Рената Дескоска и директорите на Управата за извршување на санкции и притворскиот затвор ,,Шуто оризари'' треба да понесат одговорност веднаш.

„Недозволиво е притворени лица да бидат изложени на физичко линчување. Одговорност мора да има.

Граѓаните ги прочитаа очајните обиди на Заев. Закрвувањето на општеството нема да му успее.

Зоран Заев и луѓето околу него кои учествуваат во овој прогон ќе одговараат кога ќе се врати правната држава“ се вели во соопштението од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2019 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега