ВМРО- ДПМНЕ: „Тепаат, линчуваат луѓе по затвори како да сме во Северна Кореја, а не на тлото на Европа
СДСМ ja погреба демократијата во Република Македонија, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Во партиското соопштение велат дека Заев испишува деспотска, насилничка историја во Република Македонија.
„Тепаат, линчуваат луѓе по затвори како да сме во Северна Кореја, а не на тлото на Европа.
Против закон и против сите човечки права е притворените лица да се малтретираат и линчуваат од власта.
Заев и СДСМ за ова треба да одговараат. Граѓаните ги прочитаа очајните обиди на СДСМ.
Граѓаните на Република Македонија ова нема да го заборават и за сите овие злодела ќе ги казнат насилниците и сторителите.
Заев ќе добие жесток пораз од граѓаните на претседателските избори во април, а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори“ стои во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа