СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да побара од своите членови да ги повлечат роднините од позициите кои им ги обезбедиле

 

Партизирање и фамилијазирање на државните институции се токму обележје на 11-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, велат преку соопштение од СДСМ.

Оттаму наглсуваат дека ВМРО-ДПМНЕ за една деценија ги претвори државните институции во партиски агенции за вработување на роднини, пријатели и сопартијци.

„До каде се одело покажува примерот токму на Христијан Мицкоски, од сите професори на Машинскиот факултет, тој станал асистент кај сопствениот татко, со кого и заедно пишувале книги и учебници. Тоа време е минато.

Претставници на СДСМ преземаа морални чекори и покрај тоа што процесот на вработување бил транспарентен и законски, а лицата целосно ги исполнувале критериумите.Незамисливо за ВМРО-ДПМНЕ“ велат во соопштението.

Од СДСМ велат дека сега е шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се докаже, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно владеење.

„Таткото и сестрата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор јанушев вработени во ЦУК и МВР нека се откажат од работните места. И оние 625 лица во РЕК Битола вработени преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ. Или за ВМРО ДПМНЕ моралот е непозната категорија, со оглед на тоа дека никогаш не бил применет ниту пак признаен?“ стои во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2019 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега