СДСМ: Не успева сценариото на Мицкоски, истрагата ќе ги даде сите одговори за 27 април
Не успева сценариото на Мицкоски, истрагата ќе ги даде сите одговори, ќе има одговорност за организаторите на насилствата од 27 април, се вели во реакцијата на СДСМ на на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ одново покажува дека насилничките сценарија, создавањето тензии и пласирањето лаги се нивните единствени.
Сценариото на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски не успеа да го оттгргне фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главнио осомничен организатор на насилствата од 27април кога беа нападнати пратеници, полицијаци и вработни во Собранието.
Наместо да продолжуваат со создавање тензии, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мора да им се извинат на граѓаните за лагите што ги ширеа вчера, мора да се извинат што медиумите и порталите под нивна контрола вчера лажеа и ширеа драматични шпекулации во јавноста.
Соодветна и целосна истрага од страна на иунституциите, ќе ги даде сите одговори за инцидентот во затворот Скопје.
Граѓаните и институциите нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да создадат нови кризи, поделби и тензии.
Насилството ќе биде соодветно санкционирано. Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април“, се вели во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа