Јанушев: Сите кои се залагаат за правна држава да дадат потпис за Силјановска
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска беше во Велес од каде даде поддршка на кандидатот за претседателските избори Гордана Силјановска Давкова.
-Да точно така, денес сум во Велес, туку што го дадов мојот потпис за поддршка на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Апелирам до сите оние кои што се залагаат за правда и право, за сите оние што сакаат вистинско обединување во Република Македонија, за сите оние кои што сакаат да ги победиме овие црнила да ја дадат својата поддршка за победничкиот кандидат на претстојните претседателски избори, вели тој.
Ги повика сите велешани да излезат и да го дадат својот потпис со тоа да поддржат конечно градење на правната држава и на правото и да поддржат кандидат кој што ќе се залага за доследна примена и на Уставот и на законите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа