Зеќири можен претседателски кандидат на Села и Касами

 

Академик Изет Зеќири е можниот кандидат за претседател доколку Алијанса за Албанците и Беса ја oдбијат понудата на премиерот и претседател на СДСМ за консензуален кандидат за шеф на државата вели за Плусинфо висок функционер на Беса.

На Централното претседателство на Беса кое се одржало синоќа велат дека го овластиле претседателот Билал Касами да продолжат преговорите со лидерот на Алијансата Зијадин Села за изнаоѓање заеднички кандидат за претседател на државата. 

Според партиски информации, доколку Заев го предложи за кандидат Стево Пендаровски можно е Алијансата и Беса са застанат зад него, но не и ако понудата е тоа да биде Никола Димитров за кого имаат резерви врзани за неговото минато во ВМРО ДПМНЕ и за Рамковниот договор. 

Доклку Ахмети истрча со свој кандидат големи се шансите тоа да биде Талат Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2019 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега