Мицкоски: За само неколку часа се собрани над 10 илјади потписи за Силјановска

 

Мицкоски се огласи на Фејсбук:

За само неколку часа се собрани над 10 илјади потписи на граѓани кои застанаа зад кандидатурата за претседател на државата на професорката Гордана Силјаноска Давкова.

Силен показател дека граѓаните застануваат зад личност и политика на принципи, вредности и разум. Но и огромен крик против мракобесието наметнато од власта, во кој секојдневно се бројат исчезнати луѓе, криминали, непотизам, уништени судбини, монтирани случаи, газење на правната држава и владеењето на правото.

Време на несигурност, на загубени и загрозени животи.

Народот ги прочита, и ја препозна новата шанса, новата надеж.

Да си ја вратиме татковината, Македонија на граѓаните кои сакаат достоинство, мирен живот и правна држава. Кои сакаат лидерство базирано на волјата на народот и интересите на државата. Претседател кој ќе се бори против неправдите, и ќе опстојува за правда за Македонија и сите нејзини граѓани.

Паѓа деспотизмот на Заев и доаѓа заедничката победа на народот.

Обединети и силни ќе светне денот за сите граѓани на независна и суверена Република Македонија!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2019 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега