ЛДП се премисли - Пеева нема да биде кандидат за претседател

 

Иако пред еден месец Либерално демократската партија како свој претседателски кандидат ја најави Ангелка Пеева, Централниот одбор на партијата вчера ја смени одлуката.

Сега, доколку одлучат самостојно да настапат на претседателски избори нивни кандидат ќе биде проф. д-р Никола Пановски.

„Централниот одбор на ЛДП одлучи конечната одлука за начинот на кој партијата ќе настапи на престојните претседателски избори дали ќе го поддржи заедничкото решение или ќе настапи со својот кандидат да ја донесе ново избраниот Извршен одбор на ЛДП во текот на следната недела. Доколку настапи самостојно ЛДП преку својот кандидат нуди решение кое со својота професионалност, чесност и искуство поткрепено со меѓународното влијание на ЛДП во европски и светски рамки ќе биде достоен претставник на сите граѓани на Македонија“, велат од партијата, пренесе Макфакс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2019 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега