СДСМ: Продолжува грижата за земјоделците, откупени 90 отсто од тутунот по просечни 214 денари за килограм

 

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство, продолжуваат со грижата за земјоделците и обезбедување загарантиран откуп на производството, велат од СДСМ.

„Како што информира министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, откупени се 90 отсто од договорените количини тутун од реколтата 2018.

Просечната цена изнесува 214,36 денари за предаден килограм, а од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари“ стои воо соопштението од партијата.

Оттаму велат дека покрај тоа и за оваа реколта на тутун обезбедени се субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм во зависност од класата на тутунот.

„Владата предводена од СДСМ останува посветена на мерките и политиките што го унапредуваат земјоделието и обезбедуваат повеќе пари кај секој земјоделец“ се вели во соопштеието на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2019 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега