Проблеми во коалицијата: Власта остана без кворум во Собранието - СДСМ го бојкотира Џафери
Немање на кворум најверојатно е причината поради која мнозинството ја одложи седницата на која што требаше да се расправа за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Информацијата утрово ја соопшти собраниската прес служба, откако вчера, практично пропадна обидот на СДСМ да му го одземе имунитетот на Велјаноски.
Ваквиот развој на настаните според медиумите блиски до власта ги отвораат првите сериозни проблеми во коалицијата на СДСМ и ДУИ.
Според најавите за прв пат по доаѓањето на власт на новата коалиција СДСМ најавува дека ќе ја бојкотира денешната координација на Џафери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа