СДСМ: Мицкоски и Милошоски молчат и го потврдуваат нивниот непотизам
СДСМ наоѓа решенија за администрација по мерит систем и повлекува морални чекори, Мицкоски и Милошоски молчат и го потврдуваат нивниот непотизам.
Веќе трет ден во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за непотизмот во државата, молчат за вработувањата во државниот сектор на роднините на Христијан Мицкоски.
Молк и за вработените роднини на Антонио Милошоски, безмалку целото негово семејство е вработено во државни институции.
Молчат оние што ја преполнија администрацијата со партиски и роднински кадри.
Не се сите исти.
СДСМ одговорно и внимателно ја слуша јавноста, бара и наоѓа решенија за администрација по мерит систем. СДСМ повикува на етички и морални чекори и веќе има повлекувања.
Наместо да шири лажен морал, Мицкоски да го повика својот роднина да се повлече од ЕЛЕМ турс, да ги повика снаата, вујкото, братучедот, братучедтката и зетот на Милошоски да се повлечат од работните места во администрацијата.
Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски и Милошоски покажете дали имате образ, достоинство и интегритет?
Време е да почне повлекувањето на роднините на Мицкоски и Милошовски во име на борбата против непотизмот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа