Стоилковски: Неприфатливо е малтретирањето да се затвори со дисциплинска за неколку чувари

 

Оставката на директорот на истражниот затвор е само глума со која што треба да се сокријат вистинските виновници и вистинските нарачатели. Неприфатливо е скандалозното малтретирање да се затвори со дисциплинска одговорност за неколку чувари, изјави пред новинарите, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Се споменуваат пропусти и дисциплински прекршоци и неуредност, но не и одговорност. Нема збор, нема ништо од одговорност, нема ништо од вистинска истрага, за нарачателите и извршителите, нема одговорност за случајот обид за линч во притвор врз опозицискки членови, поранешни државни функционери. Ова е обид да се забошоти случајот“, рече Стоилковски.

ВМРО-ДПМНЕ повторно праша кој го нарачал линчот и кој дал наредба по нападот врз екс-министерот Спиро Ристовски, во дворот на затворот да биде изнесен и нападнат и Миле Јанакиески?

„Зошто нема снимки од нападот? Во оваа претстава за јавност изостанува истрагата за заканите кои пристигаат од членови и поддржувачи на Кумановската терористичка група преку социјалните медиуми“, рече Стоилковски.

Во сценариото, како што рече Стоилковски, изгледа не е предвидено МВР и Обвинителството да спроведат истраги по нив. Ниту за потврдените податоци за мобилни телефони и дрога во затворот.

„МВР и обвинителите служат само за политички прогон против опозицијата. Ваквата претстава во заевистички манир е прочитана и одговорност ќе има. Прво на претседателските а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори“, додаде Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2019 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега