СДСМ: Силјановска добива поддршка само од партии кои работат против и ЕУ и НАТО
Поддршката на партијата ГРОМ на Стевче Јакимовски за Гордана Силјаноска потврдува дека претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ добива поддршка единствено од оние политички чинители кои се дел од групи кои се обидуваат да ја блокираат иднината во ЕУ и НАТО, да го блокираат напредокот на државата, велат од СДСМ преку соопштение.
„Се докажува дека Силјановска е само пион на Христијан Мицкоски, партиски послушник кој се поклони на груевизмот и застана против интересите на граѓаните и државата.
На граѓаните на Република Северна Македонија не им е потребен нов Иванов, не им треба нов партиски послушник кој ќе работи против НАТО и против ЕУ.
На Северна Македонија и е потребен вистински претседател, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата и посветено ќе работи на процесите што значат напредок, раст и развој, членство во НАТО и интеграција во ЕУ.
Граѓаните нема дозволат нов Ѓорге Иванов и ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски, Јакимовски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз на претседателските избори“ стои во партиското соопштеие од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа