Движењето БEСА бара сериозно справување со проблемот со исчезнувањата
Движењето БЕСА со загриженост и болка ја следи агонијата на членовите на семејствата за потрага по своите најблиски, велат од партијата на БЕСА преку соопштение.
Оттаму велат дека според семејните извештаи, во последниве денови имало докази за исчезнување на три лица и смрт на најмалку четири други лица.
„Раширените исчезнувања и смртни случаи во Северна Македонија се претвараат во вообичаена рутина преку пренесување на порака за тоа колку е залуден животот на човекот. Доволно е да имате судски спор дека еден ден сте во затвор и потоа да бидете следната жртва, исто како што тоа го правеа со многуте смртни случаи во затворите во Северна Македонија без да се даде вистинско објаснување. Сета оваа социјална трагедија поминува во целосна тишина, без да го добие соодветното внимание на медиумите.
Бараме од Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски сериозно да се справи со овој проблем и да ја информира јавноста за тоа што се случува и кои се мотивите за такви исчезнувања и смртни случаи? Навремениот одговор на надлежните органи би го спречил зголемувањето на бројот на потенцијални жртви.
Бидејќи човечкиот живот е по скапоцен од било што друго, апелираме до медиумите и граѓанското општество да ги кренат своите гласови“ стои во нивното соопштени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа