СДСМ: Не успеа насилничкото сценарио на Груевски и Мицкоски, инцидентот се расчистува

 

Пропадна обидот на Христијан Мицкоски и Никола Груевски преку насилничко сценарио да ја дефокусираат јавноста, од фактот дека токму врвот на ВМРО ДПМНЕ е  главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април, велат од СДСМ.

Во соопштението од партијата велат дека пропадна и театарот на Мицкоски со кој се обидуваше да предизвика инциденти во Градската општа болницата 8-ми септември.

„Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите им пропадна целата  провокација и смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски.

Инцидентот се расчистува. Започната е темелна истрага, подготвен е извештај кој е предаден во Владата. Директорот Ѓоко Котевски поднесе оставка, а против 11 лица  вработени во затворот е покрената дисциплинска постапка поради пропусти во работењето.

Институциите и  граѓаните, нема да дозволат Мицкоски и Груевски да ја втурнат Република Северна Македонија во нови кризи и тензии, да ја загрозат иднината на државата и сигурноста на граѓаните, само за одбрана на организаторите и нарачателите на насилствата од 27 април.

Насилството ќе биде санкционирано, Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април“ велат од СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2019 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега