Џафери: Мислам дека сите сфатија кој што направил, односно не направил

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за 1ТВ вели дека за пратениците Љупчо Димовски и Вељаноски има процедура.

„Прво и основно Собранието не функционира врз база на анализи и согледување на аналитичари и врз база на хипотези. Собранието има пропишано соодветни процедури по деловникот и законот и никако поинаку.  Функционирањето на собранието не се заснова на случаи туку се заснова на постапки. Тоа значи претседателот на Собранието свикал седници, пратениците се должни да дојдат на седница, ако имаат поинакво размислување, што сметам дека нема такво поинакво мисле. Мислам дека после ове два дена работите слегнаа на свое место, сите сфатија кој што направил, односно не направил и со тоа фактички собранието се враќа во нормално функционирање, од утре имаме седница на пратенички прашања, во четврток имаме продолжение на седницата кои останаа за изгласување на проектите коишто останаа за гласање и нормално продолжуваме со работа во нормален тек на работата на собранието“, изјави за 1ТВ претседателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери не прецизираше дали се гледа како идет шеф на државата.

„Јас сум претседател на Собранието и по однос на преговорите, разговорите и работите на политичките партии не е надлежност на Собранието и во тој контекст ќе можете поконцизно да се обратите до политичките партии тие ќе ви кажат во кој правец одат тие разговори. Ако сум бил подготвен за претседател на собранието, уставната определба во случај да се нема претседател на државата ги регулира тие обврски и во секој контекст тоа е моја обврска да си ја вршам и таа функција, со тоа што во моментот ќе ја немам можноста да гласам за одлуките што се носат во собранието“, изјави Џафери за 1ТВ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2019 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега