Јаулески: Власта спроведува политички прогон врз сите неистомисленици

 

Власта уште еднаш покажува во пракса дека во Република Македонија дека правната држава е суспендирана. Денеска власта на Заев и Спасовски без никакво образложение во полициската станица зад нас неколку членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги држеше 4 часа, кажа на денешната прес-конференција пред просториите на полициска станица Ново Лисиче - Аеродром, Јован Јаулески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, 

„Власта е исплашена од граѓаните, а особено од младите и затоа спроведува политички прогон врз сите неистомисленици и слободомислечки граѓани. Младите нема да ги исплашите. Младите се предводникот на промените кои следуваат. Почитувани претставници од власта, ударот врз младите е удар врз државата. Не можете да ги оправдате вашите лоши политики со спроведување терор, прогон и сеење на страв.

Јуалески посочи дека насилието мора да запре, а криминалот не смее да биде пракса.

„Откако сте на власт имаме 9 неразјаснати убиства, запалени автомобили, секојдневни грабежи и безредие. Власта не ја остварува нејзината основна задача - чување на редот и мирот. Тргнете ги рацете од младите. За целото незаконие кое го спроведувате ќе одговарате кога ќе се врати правната држава и демократијата во Република Македонија, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт“кажа Јаулески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2019 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега