Со пукање нa Блаце уапсен Харун Хаџибулиќ

Харун Хаџибулиќ ноќеска е уапсен на граничниот премин Блаце, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, полицијата распишала потерница по Хаџибулиќ бидејќи по повеќе судски позиви тој не се јавил на одлежување на затворската казна. Бил уапсен при одбидот да ја напушти земјава. Кога полицијата му пришла за да го уапси, Харун излегол од автомобилот и почнал да бега. ПОлициските службеници почнале да пукаат, по што тој легнал на земја и се предал. За среќа не би повреден.
Харун Хаџибулиќ беше осуден на 18 месеци затвор за помагање во убиството на Мирсад Криешторац кај Универзална сала во Скопје. Тој најголем дел од казната ја одлежа во притвор, а полицијата го барала бидејќи недостасувале неколку дена за целосно издржување.
ВО истиот случај Јасмин Лесковица доби 12 години затвор како директен извршител.

30.09.2013 - 11:56

најчитано сега