Ивановска: Владата не ни ги обезбедува ветените услови за борба со корупцијата, хендикепирани сме за изборите

Новата претседателка на Антикорупциската Комисија во гостувањето во емисијата Детектор на Сител, ја критикуваше владата за неисполнетите ветувања за обезбедување услови за работа на антикорупционерите. Вели дека во пресрет на претседателските избори тие се практично хендикепирани.

 

„Во врска со нашиот избор, се обезбеди транспарентен избор но,, тоа не ја завршува целата работа. Согласно новиот закон знаеме дека се зголемени надлежностите кои и се доверени на оваа комисија. Но од друга стграна моделот на финансирање на Комисијата остана ист. Ограничени буџетски средства се исти. Имаме значи зголемени надлежности со исти ресурси и со исти човечки ресурси. Побаравме во овој изминат период од 8ми навака цело време се во потрага да го решиме прашањето за просторот, имаме опрема која треба да ја сместиме. Тоа е опремата со која ќе имаме пристап до дата базите на 17 институции . Во тек е интероперабилноста со која преку веб апликации треба да се поврземе со сите судови, обвинителства, и така натаму но и тоа не можеме да го направиме затоа што ни е ограничен просторот каде што сме, немаме систем сала, најобична систем сала немаме“, вели Ивановска.

Прашана зошто тогаш вице премиерот Бујар Османи неодамна по посетата на Антикорупциската Комисија рече дека тоа е светлата точка со која ќе се пофали во јуни во Брисел, Ивановска вели дека од тогаш Османи е недостапен.

„Се обидувам да го прашам, но не е во земјава, не можам да добијам одговор“, вели Ивановска.  „На одење, вице премиерот Османи рече дека лично ќе се заложи на наредната седница на влада, што и претходно ни беше ветено, ќе биде доделен просторот за да можеме барем до изборите да се сместиме, да се поврземе зашто тоа ќе ни биде неопходно. И еве сега, нели сите ние сме еден тим за пред Европска Комисија. Република Северна Македонија е еден тим и сите заедно треба да изиграме. Зошто да имаме пречки да не можеме да се сместиме“

Прашана дали смета дека поддршката е само декларативна одговара: „Или не се сфатила сериозно. Не знам. Кога е просторот готов завршен, кога законот е усвоен, зошто се чека, значи не се сфаќа сериозно, не знам како да најдам друг одговор“, вели Ивановска.

Во пресрет на изборите вели дека не се во можност да си ги извршат сите надлежности.

„ Доаѓаат изборите. Пред извборите треба да сме поврзани. Ќе ставиме алатка каде граѓаните ќе можат да пријавуваат. Во чиј интерес е ова. Личен или општествен. Ајде да се издигнеме конечно над личниот интерес“, вели Ивановска

„Вие сте значи хендикепирани за претседателските избори?- „Точно така“, одговара Ивановска.

Анкетата на ИПИС за Детектор покаќа дека граѓаните имаат високи очекувања од новата Антикорупциска Комисија. Дури 32 отсто очекуваат поефикасно справување со проблемот со корупцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега