Река: Ветувам мирна, стабилна, напредна и европска Македонија

 Ветувам мирна, стабилна, напредна и европска Македонија. Македонија ќе ја биде - вели кандидатот за претседател Блерим Река во интервју за Вечер.

-Како кандидат Албанец, спроти два кандидати Македонци, го збогатувам етничкиот колорит на овие претседателски избори - вели Река.

 

Тој вели дека неговата платформа ќе биде За Републиката, значи за држава која функционира врз основа на владеење на правото, а не како владеење на поединецот.

-Значи мојата визија е деперсонализација на државата, а не владеење по моделот на култот на личноста. За Република- против заробена и приватна држава. За Евроатланска и мултиетничка република, во која нема да има: политизирано судство, непотизирана администрација и неизвесно специјално обвинителство. За конституционална држава во која претседателот ќе мора да го почитува уставот, и кој нема да биде над законот. Верувам дека истото го сакаат и сите граѓани во земјата, уморени од предолгата политичка неизвесност и од рециклирање на државните елити, кои го згаснаа републиканизмот - кажа Река и додаде дека на гласачите ќе им понуди Република за сите, против заробена и приватна држава, а сето ова како превенција на празна држава.

-Немам тајна формула, и не измислувам нови модели на владеење. Треба само да воспоставиме добро владеење, отчетност и транспарентност во водењето на државата. Просто и јасно: откога Република Северна Македонија ќе биде правна држава, во која ќе владее законот а не личноста. Впрочем ова го бараат и од Брисел, но никако да го испорачаме. А сигурно не со зависно судство и партиска администрација. Најмалку ако наместо владеење на законот, владееме преку закон. Мојата идеја е законот над сите, а не преку законот да владееме - кажа Блерим Река.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега