Пендаровски: Имам поддршка и од Албанци и Срби

Првпат Македонците и Албанците на претседателски избори во Северна Македонија ќе имаат заеднички кандидат, вели кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, во интервју за белградскиот весник „Политика".

– Имам поддршка од 31 политичка партија и не сум само кандидат на СДСМ и ДУИ, бидејќи во коалицијата која ме поддржува има и три други политички партии на Албанците, како и политички партии на Србите, Турците, Бошњаците, Ромите и Власите. Гаранцијата за успех никогаш не може да биде 100 процентна, бидејќи многу работи зависат од кандидатот и кампањата, но рецепт за успех на избори во една мултиетничка држава, како што е Република Северна Македонија, е всушност да се обезбеди поддршка од сите етнички заедници и мнозинството граѓани, изјави Пендаровски во интервју за „Политика“.

Тој во интервјуто истакнува дека очекува со влезот на Северна Македонија во Алијансата тензиите ќе се намалат, а тогаш Скопје ќе може поинтензивно да ги подобри односите со Москва.

– На линија со клучните меѓународни фактори од двете страни на Атлантикот, идниот одговор меѓу Србија и Косово треба да ја зајакне, а не да ја ослабне регионалната стабилност. Треба да се затвори тој вековен проблем, но притоа да не се отвори друг проблем, смета Пендаровски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега