Поскап бензин во Македонија - Ова се цените на бензинските од полноќ

 

Бензините поскапеаза 1,5 односно 1 денар по литар, додека цената на дизелот се намали за половина денар.

Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на седницата одржана вчера.

Според објавената одлука, од полноќ, литар ЕУРОСПУЕР 95 се продава за 1,5 денари поскапо и чини 66 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР 98 кој поскапува за 1 денар, од полноќ се точи по цена од 67,5 денари по литар.


Дизелот станува поевтин за половина денар и од полноќ на бензинските пумпи низ Македонија се продава по цена од 60,5 денари по литар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега