Силјановска: Власта манипулира со бројките - економијата е пред колапс
Владата ги манипулира граѓаните дека во Македонија има рекордно ниво на инвестиции, тврди претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Таа на социјалните мрежи објаснува дека минатата година, Македонија бележи рекордно ниско ниво на нови инвестиции а Владата се фали со реинвестираната добивка на инвеститорите.
„ Драги мои, јас решив да се кандидрам за Претседателка со цел да направам промена, да ги кажувам работите какви што се. Да внесам вистина во политиката, наместо замајување на јавноста. Да се борам за право и правда.
И затоа и на моите соговорници и Вам ви кажувам дека Владата пропушта да каже дека станува збор за рекордно НИСКО ниво на нови инвестиции откога се на власт. Ланската година се инвестирани само 67.9 милиони евра во вид на НОВИ инвестиции. Останатите 405.1 милиони евра се, всушност, РЕИНВЕСТИРАНА ДОБИВКА! И тоа од компаниите кои првично инвестирале во време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.“ – пишува Силјановска на социјалните мрежи објавувајќи ги податоците објавени од НБРМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа