ЕХФ со казна за Металург да игра без публика?!

Се уште не стивнува еуфоријата за победата на македонскиот ракометен вицешампион Металург над милионскиот Пари Сен Жермен во 2. коло од Лигата на шампионите. Но, големиот триумф над богатите парижани би можел да биде засенет од делегатот на натпреварот, Чехот Јири Конечни, јавува Вечер

Тој наводно не бил задоволен од публиката во салата Борис Трајковски", навивачите кои феноменално и со срце навиваа од првата до последната минута од натпреварот и го носеа Металург до големата победа.

Конечни се пожали дека бил плукан од некои лица од публиката, се пожалил и дека бил влечен за рака додека се движел покрај аут-линијата, кога ги разрешувал спорните одлуки на судиите.
Во ракометните кругови веќе се шпекулира дека Јири планира да поднесе пријава во ЕХФ за лоша организација на натпреварот. Доколку тоа се случи, според правилата, Металург може да заработи висока парична казна, а во најлош случај да игра без публика.

Избраниците на тренерот Лино Червар во 3. коло од најквалитеното клупско ракометно натпреварување и гостуваат на Барселона (12 октомври), а потоа на домашен (20 октомври) го пречекува Динамо (Минск).

Но, металурзите", веќе денеска во 18.00 часот му гостуваат на тимот Борац (Бања Лука) во 3. коло од регионалната СЕХА лига.

Во составот на Металург за овој натпревар ќе бидат и петмина млади ракометари: Маџовски, Пешевски, Мартин Мансков, Костески и Талевски.

01.10.2013 - 00:09
Фото: 
Вечер

најчитано сега