Трагедија во Македонија - се превртел од трактор и починал на лице место
Маж починал откако се превртел од трактор во движење, информира МВР. Вчера околу 7 часот било пријавено дека 50-годишниот К.Ј. од село Сирково, општина Росоман, движејки се со трактор на стариот пат од село Сирково кон Росоман, се превртел и од здобиените повреди починал на местото на настанот. Извршен бил увид на местото настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
29.03.2019 - 15:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа