Пожар во хотел во Кочани - вработен со изгореници однесен на Клиника
Вработен во хотел во Кочани се здобил со изгореници откако во објектот избувнал пожар, информираат од полицијата. Имено, вчера во 18:45 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улица „Браќа Ставреви“ во Кочани, во објект во сопственост на хотел, настанал пожар во кој со изгореници се здобил вработениот А.Т.(59) од Кочани. Тој, по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица-Кочани.
29.03.2019 - 16:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа