Локализиран пожарот на планината Јабланица

Локализиран е пожарот на планината Јабланица што вчера избувна меѓу селата Октиси и Вишни.

Заменик командирот на Територијалната против пожарна единица од Струга, Ристе Талевски во изјава за МИА потврди дека пожарот е изгаснат пред помалку од еден час, но оти екипи дежураат на терен за да се спречи негово повторно активирање.

– Пожарот е локализиран. Чад излегува, но нема веќе опасност за негово ширење. Интервениравме со едно против пожарно возило и тројца пожарникари, а во гасењето помогнаа најмногу екипите на шумското, изјави Талевски.

Теренот, нагласи, е карпест, непристапен и опасен за безбедноста на луѓето.

Во пожарот на Јабланица зафатена е голема површина шума, а пожарникарите синоќа ги штитеа викендиците и не дозволиле негово проширување кон селата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2019 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега