Видео од моментот на сообраќајката на автопатот Тетово- Гостивар во која загина жена

Утрово во 06.45 часот на автопатот Тетово-Гостивар кај наплатната рампа кај Тетово се случи страшна сообраќајна несреќа во која загина едно лице, 51-годишна жена од Кичевo. Двете возила се судриле на самата наплатна рампа, практично меѓу две кабини, а ТВ Сител објави и видео.

Неофицијално, најпрво едното возило влетало со огромна брзина и удира во бетонот, па другото се забило во него. Загинатата жена е од Кичево, а возела автомобил Мерцедес со охридски регистарски таблички. Другото возило во кое имало тројца патници е марка Фолксваген Туарег од Дебар, а го управувало 37-годишно лице. Патниците во туарегот се тешко повредени и префрлени во тетовската болница каде се задржани на лекување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2019 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега