Два хеликоптери го бараат: Авион пријавил турбуленции па го снемало кај Солунска Глава

Мал воздухоплов од типот Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот е изгубен западно од Слунска Глава. Два полициски хеликоптери се во потрага на изгубената Цесна, потврди за МИА директорот и претседател на УО М-НАВ, Николче Тасески.

-Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за Софија, рече Тасески.

Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2019 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега