Биточанка измамена од непознато лице: Останала и без дрва и без пари

 

Вчера во СВР Битола, 82-годишна жена од Битола пријавила дека истиот ден околу 10.30 часот била измамена од непознато лице. Според пријавеното, во нејзиниот дом во Битола лицето и понудило огревно дрво по цена од 2.500 денари за метар кубен. Таа му дала 10.000 денари, а тој требало за 20 минути да и донесе четири метри кубни огревно дрво. Лицето не се појавило подолго време и таа заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2019 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега