Јаневски: Ќе платам отштета и си одам со крената глава

И покрај тоа што му беше понуден нов подобар договор сепак Чедомир Јаневски се реши да го напушти кормилото на македонската фудбалска селекција и да замине во екипата на Монс. Ваквиот изненадувачки прекин на соработката со ФФМ Јаневски ја објасни дека била од семејни причини и поради тоа немал време да извести никого. Поради тоа што тој се уште има актуелен договор со ФФМ и истиот не беше спогодбено раскинат, сега тој ќе мора да плаќа „пенали“.

-Имав супер соработка со сите во ФФМ, и така и ќе остане до крај. Јас ќе го испочитувам договорот. Ќе ја платам отштетата која стои во клаузулата. Уште еднаш би сакал да го истакнам моето задоволство и чест што бев селектор на Македонија, и уште еднаш користам можност да ѝ посакам сè најдобро на репрезентацијата во иднина, како и на сите играчи кои играат во неа. Секогаш ми е мило кога ќе слушнам како некој македонски играч успева во кариерата, изјави Чедомир Јаневски, а пренесува весникот „Македонски Спорт“.

01.10.2013 - 13:57

најчитано сега