Трагедија во Скопје: Работник паднал од височина, па починал во болница

Вчера во 15 часот и 30 минути во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.30 часот во индустриската зона „Чојлија“, атар на село Чојлија, скопско, од објект во изградба, 68- годишниот Н.Н од Куманово, паднал од околу пет метри висина додека изведувал работни задачи.

Според пријавеното тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болница во село Петровец, каде во 15.00 часот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во институтот за Судска медицина за обдукција.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега