Очевидци за авионската несреќа кај Солунска Глава: „Времето беше лошо, авионот високо леташе“

Семејство од Бугарија, мајка, татко и две ќерки, загина при авионска несреќа во планински предел кај Солунска глава.

Малиот  авион „Цесна“ се урна недалеку од Скопје при лошо време.

Во авионот патуваа пилотот, неговата сопруга и нивните две ќерки.

Телата беа откриени близу 18 часа по инцидентот. Авионот паднал недалеку од селото Богомила. Неговите жители ги проследиле последните маневри на авионот во воздух, пишуваат бугарските медиуми.

Ги изненадила тишина на летот. Сведоци рекле дека не забележале експлозија или чад.

Очевидци на инцидентот, кои живеат во селото под врвот, раскажуваат и какво било времето тој трагичен ден.

-Го видов авионот. Мал, но многу високо леташе. Одеше кон Охрид, натаму. Може и да го згрешил патот и да отишол кон Солунска глава. Времето беше лошо. Имаше ветер вчера“, рекла жена која го видела авионот кој прелетувал, пренесува Фактор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2019 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега