Пендаровски во Пехчево: ЕУ и НАТО носат безбедност, просперитет и нови работни места

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и уште 30 партии, оствари средба со жителите на Чешиново – Облешево и Пехчево.

Пендаровски рече дека со добивање датум за почеток на преговори со ЕУ државата ќе користиме 900 милиони евра годишно за развој, голем дел за земјоделството, затоа е важно земјата да просолжи напред.

„Нема веќе враќање назад, отвораме нови перспективи за младите, сите сложно и заедно да одиме напред“, рече Пендаровски.

"Претходната власт нѐ врати 30 години назад, Груевски не раскара со сите соседи, сега немаме отворено прашање со ниту еден сосед. Ние не бегаме од решавање и на најтешките проблеми. Влезот во НАТО и ЕУ носи безбедност, просперитет и нови работни места. Затоа, да обезбедиме просперитетна иднина за нашите деца и внуци.", додаде Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2019 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега