Мицкоски: Заев ми нудеше влез во Влада и министерства за да го прифатам Договорот со Грција, јас го одбив, честа нема цена

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Битола обелодени дека Заев му нудел влез во Влада и министерства за да го прифати Договорот со Грција. Тој одбил.

-Господине Заев, во јануари 2018-тата во Клубот на пратеници се гледавме очи во очи, кога ви кажав дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ова нема да го поддржат. Ме гледавте и се согласивте со мене. Има записник. Дојде март, го повторивме истиот став заедно. Тајно преговаравте, ја парчевте, ја делевте, ја раскичмувавте татковината. Делевте и тргувавте со нешто за кое не сте се испотиле и крваревте за да го заработите. Луѓе гинеле за ова парче место. Дојде мај, исто така во Клубот на пратеници, ми рековте дека решението е Илинденска. Ви реков „мисли си ти само“. Ова е морковот господине Заев, а на дуелот на МРТ  му реков „допрва ќе видиш што ќе прифатиш“. И дојде денот кога прифати. Ама прифати капитулација затоа што сакаше да прави криминал и да се спаси од затвор. Тоа е вистината. Капитулираше за да пљачка и да се спаси од затвор. Истиот ден кога прифати беше ослободен од Основниот суд за делото поткуп, посочи Мицкоски.

Тој потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е одамна јасен и гласи: „Ние компромис со тие работи не правиме“!

-Нас не нè интересира криминал и ние ако лежиме затвор ќе лежиме за Македонија и идеалите, а не за криминал. Заев е нечестит човек и одлучи на едно интервју да ме клевети дека немало да прави коалиција, техничка Влада со мене. Во јули, надвор имаше 38 степени, повторно бевме во клубот на пратеници. Се гледавме очи во очи, преговаравме и после 5 часа ми рече: „Ајде еве ти влези во Владата и бирај кои сакаш 5 министерства. Само прифати го Договорот“. Ти одговорив: „Мојот образ и достоинство немаат цена. Ова не го работам ниту за пари, ниту за моќ. Не ми треба твоето милосрдие. Уживај во твојата слава, уживај во твоите привилегии затоа што знам дека за пусти пари се работи, за ништо друго“-порача Мицкоски.

-Не го лажи народот. Еднаш кажи ја вистината. Нудеше-те одбивме. Затоа што не сакавме да бидеме соучесници во капитулацијата. Ја одбравме страната на народот, од прв ден до последен ден. Така и ќе биде во иднина, порача Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2019 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега