Николовски донирал 180.000 денари за Силјановска, Милошоски 150.000, Коце Трајанковски 100.000

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра.

Силјановска Давкова како приходи пријавила 203 илјади евра од донации. Ова го покажува финансискиот извештај, објавен на веб страната на Државната изборна комисија.

Помеѓу поголемите донатори за камапњата на Силјановска можат да се забележат пратеници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Најмногу донирал потпретседателот на партијата, Александар Николовски – 180.000 денари, а на листата е и пратеникот Антонио Милошоски со донација од 150.000 денари.

Донирал и поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајанковски 100.000 денари.

На листата се и голем дел од останатите актуелни пратеници на опозицијата, меѓу кои иНада Ципушева со донација од 150.000 денари, Трајко Велјановски 70.000 денари, Лилјана Затуровска 45.000, Ане Лешоска со донација на 130.000 денари, кои ги уплатина во два наврати, еднаш 80.000 денари, а другиот пат 50.000.

Целиот список на донатори можете да го погледнете ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2019 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега