Вардарци ќе се искачат на врвот во СЕХА лигата со триумф над Татран

Ракометниот шампион на Македонија Вардар денеска ќе го пречека словачкиот шампион Татран Прешов во рамките на 4 коло во ракометната СЕХА лига. Со триумф црвено-црните ќе го превземат првото место на табелата. Словаците се покажаа незгодни кога станува збор за македонскиот шампион, по ланскиот триумф во Скопје. Сезонава пречка на словаците за влез во ЛШ беше тимот на Динамо Минск. 

За Кастратовиќ ова е прв од серијата од три натпревари од СЕХА лигата, бидејќи во сабота и гостуваат на Војводина во Нови Сад, а во вторник во Скопје доаѓа Нексе.

Ова се дуели кои ќе бидат одлична подготовка за Вардар за тоа што го чека во ЛШ на 13 октомври, односно мечот со ПСЖ.

Тимот на Металург пак вчера во натпревар од 4.коло постигна победа над Борац во Бања Лука со 26:22.

На чело на табелата е Загреб со 9 бодови, Вардар и Металург имаат по 7, а Татран Прешов, Нексе и Војводина по 6.

02.10.2013 - 11:02

најчитано сега