Две тешки несреќи во Македонија: Двајца прегазени, жена итно донесена на Клиника

Две страшни несреќи се случија вчера во Македонија, едната во прилепско, другата во Гостивар, а прегазени се двајца пешаци.

Во 20.40 часот во селото Обрашани, прилепско, патничко возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот С.Б. од селото Пашино Рувци, прилепско, удрило во 53-годишниот пешак П.Ш. кој се здобил со тешки повреди и му била укажана помош во болницата во Прилеп. 

Потоа, во 23.00 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „Цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Г.Р. од Гостивар, удрило во пешак. Се работи за 66-годишната З.А. од село Трново, гостиварско која се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега