Детали за вооружениот грабеж во Чаир: Украдени 150.000 евра, тројца повредени

По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10.36 минути во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, се огласија од Банката и изнесоа детали.

- Клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба, додека  двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување, велат од НЛБ преку соопштение до јавноста.

Според Банката, и работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување.

- Експозитурата во Чаир не работи во моментот и ќе продолжи тековно да ги опслужува клиентите од 17.4.2019 година. Со истрагата е утврдено дека при грабежот се одземени 150.000 евра. Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега