Тешка сообраќајка во Македонија - мотоциклист итно однесен во болница

 

Маж се здобил со тешки телесни повреди по доживеана сообраќајна несреќа во Прилеп. Како што информира МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера во 18:55 часот на улица „Пере Тошев“ во Прилеп, а во неа учествувале патничко возило „Форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Д.С. од Прилеп и мотоцикл „Херк“ со прилепски регистарски таблици, управуван од 53-годишниот П.Б од Прилеп. Мотоциклистот П.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде му била укажана помош. Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега