Граничната полиција кај преминот „Блато“ пукала во воздух: Пронајдено ќесе со два килограми марихуана

Синоќа во 20 часот и 30 минути, кај гробиштата во село Спас, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Блато“ забележале лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете.

Полициските службеници издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата. Биле испукани и неколку предупредувачки истрели во воздух, но лицето преминало на територија на Република Албанија. Подоцна, во кесата биле пронајдени две пакувања со марихуана со тежина од околу два килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега