Ауди се заби во Брза помош во Скопје - Страшна несреќа девојка тешко повредена

Страшна сообраќајна несреќа доцна синоќа се случи во Скопје, кога кај тутунскиот комбинат „Империјал Тобако" автомобил Ауди се заби во Брза помош, пишува Слободен Печат.

Во сообраќајката повредена е една девојка, која според присутните на лице место на настанот, доживеала потрес на мозокот, а најверојатно во Аудито имало две девојки.

Другата девојка имала мала повреда на главата, додека тешко повредената била транспортирана во болница.

Се очекуваат детали.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2019 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега